Компанијата Procter & Gamble е основана во 1837 година, во Синсинати, Охајо, САД започнувајќи како мала семејна компанија за производство на сапуни и свеќи. Денес P&G нуди на пазарот повеќе од 300 производи за повеќе од 5 милијарди потрошувачи во 140 земји.
Нашите суштински принципи се основа за остварување на нашата цел за обезбедување производи и услуги со супериорен квалитет и вредност кои ќе им ги подобрат животите на потрошувачите од целиот свет.
P&G започна да работи на Балканот во 1992 со само тројца вработени, отварајќи ја првата канцеларија во Романија. Денес P&G е присутна во 7 различни земји во регионот: Романија, Бугарија, Република Молдавија, Србија и Црна Гора, Босна, Албанија, Република Македонија.
Подобрување на квалитетот на животот на потрошувачите низ светот е многу повеќе од продажба на одлични производи. Тоа се однесува на корпоративната одговорност за позитивен придонес кон квалитетот на средината и заедниците во кои живееме и го водиме својот бизнис.