Go to P&G
Пребарување на сајтот
Врска со сајтот на брендот
P&G во светот
Wednesday, March 10, 2010

Промотивна кампања за потрошувачите „Со Памперс, вашето бебе го открива светот, играјќи„ Правилник за промотивна кампања

tide

Член 1. Организатор

Организатор на промотивната кампања, „Со Pampers, вашето бебе го открива светот, играјќи„ понатаму во текстот означена со кампања, е Греј Ворлдвајд ЛТД, со адреса Никола Тримпаре 26, Скопје, Македонија, понатаму во текстот означена како Организатор, избран од страна на Проктер и Гембл. Одлуката за развој на промотивната кампања во согласност со правилата од овој правилник е конечен и обврзувачки за двата субјекта. На организаторот му е дадено правото на дополнувања во официјалниот правилник, со тоа што дополненијата треба да бидат најавени однапред, на истиот начин како што беше направена и иницијалната информација.

Член 2. Место на спроведуање на кампањата

Кампањата ќе се спроведе на целата територија на Република Македонија.

Член 3. Времетраење на кампањата

Кампањата ќе се одвива во временска рамка од 1ви ноември 2008 до 30ти јуни 2009. Завршува кога ќе се испратат сите награди, чијшто број е ограничен. Организаторот може да ја продолжи или редуцира кампањата, со дополнение на оваа регулатива, секако за ова дополнение треба да се соопшти благовремено, на истиот начин како што беше направена и иницијалната информација.

Член 4. Брендови и производи кои учествуваат во кампањата

Сите видови на пелените Pampers учествуваат во оваа промоција: Pampers New Baby ( сите големини и пакувања), Pampers Active Baby ( сите големини и пакувања) како и Pampers Let’s Go ( сите големини и пакувања).

Член 5. Начин на реализирање на промотивната кампања

Што треба да направите:

 

  • Купете Pampers пелени (New Baby, Active Baby или Let’s Go), исечете ги мечињата од пакувањата
  • Залепете го бројот на мечиња потребни за играчката што сакате да ја добиете за вашето бебе на картичката за лојалност, која ќе ја добиете по пошта ( Ноември 2008 – Јуни 2009). Потоа точно пополнете ги податоците во картичката за да се осигурате дека ќе ја добиете избраната играчка на домашна адреса. Во случај да немате добиено картичка за лојалност по пошта, може да ја повикате одговорната агенција - Греј Македонија (тел. 02/ 3298-820) и да побарате една.
.
 

Играчка 1: Патка за во када

Играчка 2: Едно од 3те музички пријателчиња

Играчка 3: Магична жирафа

Играчка 4: Количка за активни бебиња
  ratusca plutitoare prieteni cantareti girafa magica girafa magica

Број на мечиња

6 12 20 30
  • Пратете ја картичката со мечињата, како и  вашите податоци во ковертот, кој е веќе адресиран, а го добивте по пошта, заедно со промотивните материјали. Картичката мора да биде оригинална, не смее да биде фотокопирана или пак умножена на каков било начин.

Член 6. Награди

Наградите понудени во кампањата се следниве:

Награда

Вкупен број на играчи во оваа програма (парчиња)

Цена во евра/ за играчка ( без вклучен ДДВ)

Играчка Fisher Price 1: Патка за во када

863

3.68

Играчка Fisher Price 2: Едно од трите музички пријателчиња

2654

3.13

Играчка Fisher Price 3: Магична жирафа

450

10.63

Играчка Fisher Price 4: Количка за активни бебиња

92

24.94

Вкупната вредност на наградите во оваа кампања изнесува 18,560,84 Евра. Забрането е да се одобрат пари, како компензација или пак да се заменат наградите, кои се понудени во кампањава.

Член 7. Право на учество

Кампањата е отворена за сите субјекти, кои се потрошувачи на Pampers, кои се полнолетни (18 години) или ќе станат полнолетни до 1ви Ноември 2008, кои се државјани на Република Македонија, освен вработените во Проктер и Гембл и агенциите кои се вклучени во кампањата, како и нивните семејства. Секој потрошувач може да учествува само еднаш во кампањата ( во случај тој / таа да пратат една картичка за лојалност, во време на изведување на  кампањата). Картичките за лојалност испратени од истата личност, или пак испратени од истата адреса, нема да бидат земени во предвид.

Член 8. Наплата

Организаторот на кампањата нема да поднесува никакви трошоци, данок или пак други финансиски обврски кои се поврзани со понудените награди, кои ќе се паднат на добитникот, освен даноците кои според закон се одговорност на организаторот на камањата.

Член 9. Валидизирање на добитниците и испорака на наградите

Според условите од овој правилник, сите учесници во оваа кампања, кои ја испратиле својате картичка за лојалност на која се залепени мечиња, како и личните податоци, ќе добијат играчка која е во сооднос со бројот на мечиња, која ќе биде пратена на нивната домашна адреса по пошта. Добитникот не треба да плати ништо за оваа испорака. Доколку, добитникот на кого му се испорачува играчката двапати не може да биде најден, а ова може да се докаже со документација од пошта или од курирот, тој ќе биде контактиран по телефон за да дојде во Агенцијата да си ја земе играчката, во период од 30 дена по телефонскиот разговор. Доколку и во оваа временска рамка, добитникот не дојде да си ја земе играчката, ќе се смета дека тој/ таа не ја сака играчката и таа може да биде употребена од страна на агенцијата. Учеснците не треба да плаќаат за испораката на играчката, ниту пак за транспорт.Сето ова треба да биде покриено од страна на организаторот.

Одредби кои треба да се испочитуваат за добивање на наградата:

  • Треба да се имаат потребниот број на мечиња од пакувањата New Baby, Active Baby или Let’s Go пелените залепени на картичката, за онаа играчка која сакате да ја добиете.    ( подетално Член 5. од овој Правилник),
  • Точно да се напишат личните податоци, кои се бараат на картичката. Податоците кои се потребни се следниве: презиме, име, адреса, телефонски број, е-мејл.
  • Испраќање на правилно пополнетата картичка заедно со мечињата по пошта, во коверт кој е добиен и веќе адресиран, во времетраењето на рекламната кампања.

Организаторот е одговорен само за оние примени коверти , кои се утврдени дека се правилни врз основа на овој Правилник.
Забрането е да се репродуцираат или пак фалсификуваат кој било од материјалите испратени од организаторот.

Член 10. Лични податоци

1.  Со учество во промотивната кампања „Со Pampers, вашето бебе го открива светот, играјќи“, учесниците разбираат дека треба да бидат свесни за одредбите од овој официјален Правилник и да се согласат со истите.
2.  Правата на учесниците во промотивната кампања „Со Pampers, вашето бебе го открива светот, играјќи“, се законски гарантирани, (се водевме според македонските закони) за заштита на личните податоци, за оние кои ги процесираат тие податоци како и употребата на овие податоци:
  • правото на пристап до податоците
  • правото за интервенција во однос на податоците
  • правото на приговор

Правата им се загарантирани на сите учесници, и можат да прашаат за истите, со тоа што ќе пратат писмена молба до Греј Вордвајд Македонија, со адреса Никола Тримпаре 26, со телефонски број 02/ 3298-820.
Молбата ќе биде разгледана од извршувачот на проектот, кој е ополномоштен од агенцијата, Греј Вордвајд Македонија.
3.   Со учеството во промотивната кампања „Со Pampers, вашето бебе го открива светот, играјќи“, учесниците се сложуваат да влезат во базата на податоци на организаторот, кој се прави во текот на кампањата. Оваа база на податоци се употребува за да им се пратат информации на учесниците за Проктер и Гембл, и неговите договорни партнери. Целта на оваа база на податоци е организирање на кампањата и испорачување на играчките на учесниците. Предходно, организаторот превзел се за да ги обезбеди личните податоци и да ги заштити од губење, злоупотреба, неавторизирано откривање, измени или пак дистрибуција.

Член 11. Спорови

Потенцијлните спорови помеѓу организаторот и учесниците во кампањата ќе бидат разрешени во соодветниот суд во Скопје.

Член 12. Суспензија на промотивната кампања

Кампањата може да биде суспензирана во случај на виша сила или пак унилатерално од страна на организаторот, меѓутоа со соодветно и благовремено известување на учесниците.

Член 13. Правилник за промотивната кампања

Правилникот за рекламната кампања е беспалтен и достапен на секој учесник во кампањата на веб страната www.pgbalkans.com. Со тоа што учествуваат во кампањата, се подразбира дека учесниците се сложуваат со ставките од овој Правилник.


Дополнение кон Промотивната кампања за потрошувачите

“Со Pampers, Вашето бебе го открива светот, играјќи”

Правилникот на промотивната кампања “Со Pampers, Вашето бебе го открива светот, играјќи”, се менува на долунаведениот начин:


Организаторот на едукативната/промотивната кампања, „Со Pampers, Вашето бебе го открива светот, играјќи„ понатаму во текстот означена со Кампања, е Греј Ворлдвајд ЛТД, со адреса Никола Тримпаре 26, Скопје, Македонија (или јавете се на 02/3298-820, по нормална тарифа, секој ден од понеделник до петок, во периодот помеѓу 10:00-15:00), понатаму во текстот означена како Организатор, избран од страна на Проктер и Гембл, донесе одлука да ги направи следните дополненија кон Правилникот, вез основа на Член 1 од официјалниот Праволник:  

Содржината во следниве Членови ќе се промени и ќе го има следниов текст:

 Член 3. Времетраење на кампањата

Кампањата ќе се реализира на следниов начин:

  • Во периодот од 1ви Ноември, 2008 до 30ти Јуни 2009, мајките со двомесечни бебиња, ќе добијат по пошта сет за лојалност кој содржи картичка за лојалност, брошура, писмо и плико со платен одговор. Секој месец, Организатрот ќе испраќа картички за лојалност по пошта до мајките кои се породиле пред два месеци и коишто дале согласност да добиваат дополнителни информации од страна на Проктер & Гембл. Оние кои нема да добијат сет за лојалност по пошта, во периодот од 1ви Ноември 2008 до 30ти Јуни 2009, може да побараат картичка од Греј, употребувајќи ги горенаведените информации за контакт.
  • Мајките може да ги испраќаат пополнетите картички за лојалност до 31ви Декември 2009 за да добијат играчка. Да потенцираме, мајките може да ги испраќаат пополнетите картички за лојалност најдоцна до 31ви Декември 2009 година (датата од поштенскиот печат). Пликовите со поштенски датум по 31ви Декември ќе бидат отфрени.

 Кампањата може да заврши пред 31ви Декември доколку залихата од предвидените награди се потроши. Во случај да се потрошат залихите од одреден тип на играчка, мајките кои ја посакувале токму таа играчка ќе бидат контактирани и ќе имаат можност да изберат една од играчките кои ги има на залиха.

Организаторот може да ја продолжи или редуцира кампањата, со дополнение на оваа регулатива, секако ова дополнение треба да се соопшти благовремено, на истиот начин како што беше направена и иницијалната информација.

Член 5. Начин на реализирање на промотивната кампања

Што треба да направите:

  • Купете Pampers пелени (New Baby, Active Baby или Let’s Go), исечете ги мечињата од пакувањето. Едно мече од пелените на Pampers пакувањата =1 поен,
  • Залепете го потребниот број на мечиња за играчката што сакате да ја добиете за вашето бебе, на картичката за лојалност (видете ја во текстот подолу табелата во која е наведено колку поени се потребни за добивање одреден тип на играчка) Испратете ја картичката за лојалност заедно со пликот со платен одговор. Во случај да не го добиете по пошта сетот за лојалност, (од  Ноември 2008 до Јуни 2009) може да ја повикате одговорната агенција - Греј Македонија, употребувајќи ги горенаведените информации за контакт и да побарате една. Сетот за лојалност го добивате бесплатно. Право на учество имаат мајките кои се породиле 2 месеци претходно, во периодот од  Ноември 2008 до Јуни 2009, и кои дале писмена согласност и нивните лични податоци ги има во дата базата на Памперс. Во дата базата на Памперс ги имаме само мајките кои дале писмена согласност во иднина да бидат контактирани од страна на Проктер & Гембл. Податоците во дата базата на Памперс се собираат преку картичките со повратен одговор, кои мајките ги добиваат заедно со едукативниот материјал, по породувањето во болница.
 

Играчка 1: Патка за во када

Играчка 2: Едно од 3те музички пријателчиња

Играчка 3: Магична жирафа

Играчка 4: Количка за активни бебиња
  ratusca plutitoare prieteni cantareti girafa magica girafa magica

Број на мечиња

6 12 20 30
  • Ве молиме точно пополнете ги податоците во картичката за да се осигурате дека ќе ја добиете избраната играчка на домашна адреса. Во случај да избраната играчка ја нема повеќе на залиха, Агенцијата ќе Ве контактира по телефон и ќе Ви овозможи да изберете друга играчка која ја има на залиха. Организаторот не е одговорен ако Вие не сте добиле играчка, доколку податоците на картичката не биле целосни и точни. Во случај да имате било какви прашања или потребни Ви се дополнителни информации, Ве молиме контактирајте го Организаторот (Греј Македонија), употребувајќи ги горенаведените информации за контакт, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот.
  • Картичката и мечињата мора да бидат оригинални, не смее да бидат фотокопирани или пак умножувани на било каков начин. Доколку во пликот со платен одговор ги испратите само мечињата, без пополнета картичка за лојалност, Вие не сте во можност да добиете играчка.
  • Проктер & Гембл не превзема никаква одговорност доколку податоците на картичката за лојалност не се точни.

Член 6. Награди

Наградите понудени во Кампањата се следниве:

Награда

Вкупен број на играчи во оваа програма (парчиња)

Цена во евра/ за играчка ( без вклучен ДДВ)

Играчка Fisher Price 1: Патка за во када

863

3.68

Играчка Fisher Price 2: Едно од трите музички пријателчиња

2654

3.13

Играчка Fisher Price 3: Магична жирафа

450

10.63

Играчка Fisher Price 4: Количка за активни бебиња

92

24.94


Вкупната вредност на наградите во оваа кампања изнесува 18,560,84 Евра. Забрането е да се одобрат пари, како компензација или пак да се заменат наградите, кои се понудени во кампањава.

  • Бројот на производи понудени како награда е ограничен. Во случај да се потрошат залихите од одереден тип на играчка, мајките кои ја посакувале токму таа играчка ќе бидат контактирани по телефон и ќе имаат можност да изберат една од играчките кои ги има на залиха. Мајките ќе имаат можност да изберат играчка во зависност од бројот на мечиња кои претходно ги испратиле.

Останатите клаузули од Правилникот остануваат непроменети.

 
Touching lives, improving life. P&G
privacy statement   legal terms and conditions   P&G links
   © 2004 The Procter & Gamble Co.